Трамп: Не планирав да се сретнам со Рохани, можеби во иднина

45

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави денеска дека нема планови да се сретне со претседателот на Иран Хасан Рохани.

Тој, меѓутоа, сигнализираше дека е отворен за евентуална средба во иднина.

– И покрај барањата, јас немам планови да се сретнам со иранскиот претседател Хасан Рохани. Можеби некогаш во иднина. Сигурен сум дека тој е апсолутно прекрасен човек – напиша Трамп на Твитер.

Претходно, високиот советник на иранскиот врховен верски водач ајатолахот Али Хамнеи, Али Акбар Велајати го отфрли предлогот на САД за средба на двете раководства.

– Сонот на (американскиот претседател Доналд) Трамп и (државниот секретар Мајк) Помпео никогаш нема да се реализира, изјави Велајати.

САД ја отворија можноста за средба со иранските лидери на која би се дискутирало за конфликтот меѓу двете држави.

Односите меѓу Вашингтон и Техеран се особено затегнати по нападот за време парада на иранскиот Корпус на револуционерната гарда во саботата, за што Иран ги обвини САД и нивните сојузници во регионот на Блискиот Исток.