Трамп: Нема потреба да се брза во преговорите со Кина

307

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека апсолутно нема потреба да се брза во финализацијата на трговски договор со Кина, неколку часа откако САД двојно ги зголеми тарифите за многу различни кинески продукти, пренесува Би-би-си.

Тој додаде дека билатералните преговори кои завршија денес продолжиле во многу „соодветен“ правец.

САД претходно одлучи за драстично зголемување на тарифите за кинески продукти од 10 на 25 отсто, поради што, според ставот на голем број експерти, ја оштетува економијата и на двете земји.

Кинеските власти одговорија дека ќе дадат соодветен одговор на САД, додадоа дека „длабоко жалат“ за чекорите на земјата и дека ќе ги преземат потребните контра-мерки.

Трговската војна на САД и Кина предизвика голем товар на глобалната економија во изминатата година и создаде несигурност врз бизнисите и консументите.

Иако Трамп го негираше негативното вилијание на тарифите врз американската економија, нивното зголемување дефинитивно ќе влијае врз некои американски компании, велат аналитичарите.