Трамп: На крајот Мексико ќе плати за ѕидот

179

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Мексико дека не работи ништо за да спречи илегални мигранти да влегуваат на територија на САД, и повтори дека Мексико сега или подоцна, ќе мора да плати за изградбата на ѕидот меѓу САД и Мексико.

– На крајот Мексико ќе плати за ѕидот. Тие не прават ништо за да ги запрат луѓето од Мексико, Хондурас и други држави илегално да влезат во САД…Не работат ништо за да ни помогнат, изјави Трамп пред своите приврзаници во Нешвил.

По изјавата на Трамп, мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието одговори преку Твитер дека Мексико никогаш нема да го финансира тој ѕид.

– Не. Мексико никогаш нема да плати за тој ѕид. Ни сега ни кога било. Искрено, Мексико (сите ние), напиша Нието на Твитер на англиски, а потоа и на шпански јазик.