Трамп му се заблагодари на Ким Јонг-ун за исполнетото ветување

54

Американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун поради тоа што го исполнил ветувањето дека ќе ги врати посмртните останки на американските војници убиени во Корејската војна.

Американски воен авион е на пат кон Северна Кореја да ги преземе телата на 55 војници, на кои, по приемот, ќе им се изврши ДНК анализа во воена база во Хаваи за да се утврди нивниот точен идентитет.

– Му благодарам на претседателот Ким што остана верен на зборот. Сигурен сум дека ќе продолжи да ги исполнува неговите ветувања – изјави Трамп, кој во јуни се сретна со Ким во Сингапур, каде разговараа за американското барање за нуклеарно разоружување на Северна Кореја.