Трамп му остави писмо на Бајден

206

Претседателот Доналд Трамп ги избегна повеќето традиционални потези што претседателот ги исполнува за инаугурацијата на неговиот наследник, освен еден: остави писмо до Бајден. Портпаролот на Белата куќа, Џед Дир, потврди дека Трамп оставил порака за неговиот наследник.

Претседателите обично оставаат белешка со честитки и поддршка во овалната канцеларија, но некои се прашуваа дали Трамп ќе го стори тоа, со оглед на тоа што не сакаше да ја признае победата на Бајден.

Белата куќа не ја објави содржината на белешката на Трамп.

– Тоа е писмо помеѓу 45. и 46. претседател – рече Дир.