Трамп: Кина не сака да победам на следните избори

101

Американскиот претседател Доналд Трамп јавно ја обвини Кина дека сака да го спречи да победи на следните парламентарни избори поради неговата одлучност во врска со трговските прашања.

Вашингтон и Пекинг со месеци спорат во врска со царините покренати од Трамп.

– За жал откривме дека Кина се обидува да се вмеша во изборите во ноември 2018 година против мојата администрација. Тие не сакаат да победам или да победиме бидејќи сум прв претседател кој и се спротиставил на Кина во тој предмет – нагласи Трамп на СБ на ОН.

Трамп претходно веќе го обвини Пекинг дека се обидува политички да го загрози со напади на стоки од држави каде изборното тело му е традиционално верно. Кина одлучно демантираше вмешаност и побара повеќе почит од САД.