Трамп играше голф додека светските лидери дискутираа за пандемијата

83

Американскиот претседател Доналд Трамп играше голф додека светските лидери дискутираа за пандемијата на коронавирус на самитот Г20.

Според „Гардијан“, на видео конференцијата учествувале лидерите на Франција, Германија, Италија, Саудиска Арабија, Јужна Кореја.

Трамп одржал говор само на утринската сесија, која воедно е и негово претпоследно појавување на некој меѓународен собир до крајот на јануари, а потоа отишол во Вирџинија да игра голф и тоа за време на панелот за борба против пандемијата.

Тој поминал речиси четири часа во Националниот голф клуб Трамп, каде и вообичаено поминува време од одржувањето на изборите.

Подоцна, тој се правдал на Твитер дека присуствувал на состанокот, но дека лажните медиуми пренеле лажни вести, како и дека неговиот говор бил достапен на јавноста.