Трамп за авионската несреќа: Некој можеби направил грешка

211

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека до несреќата на украинскиот авион можеби дошло поради грешка. Тој додал дека има ужасно чувство во врска со тој случај, не наведувајќи детали.

– Некој можеби направил грешка – им рекол Трамп на новинарите во Белата куќа, пренесува „Ројтерс“.

Претходно, американскиот неделник „Њузвик“, објави дека украинскиот авион што се урна во Техеран, Иран, во вторникот, бил соборен од ракета. Весникот се повика на неименувани официјални лица од Пентагон, како и на американски и ирански разузнавачки служби. „Њузвик“ објави дека според процена на Пентагон, авионот бил урнат случајно.

Во несреќата загинаа повеќе од 170 луѓе.