Трамп е фрустриран поради неослободувањето на Брансон

98

Американскиот претседател Доналд Трамп е фрустриран поради тоа што Турција не го ослободила американскиот пастор Ендрју Брансон, кој е во турски затвор веќе две години, соопшти синоќа Белата куќа.

– Претседателот чувствува голема фрустрација поради фактот дека пасторот Брансон не е ослободен како и поради фактот дека други американски државјани и службеници на диплоамтски претставништва не се пуштени на слобода, истакна портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

Американскиот свештеник Брансон, кој чека судење во Турција под обвинение за тероризам, вчера повторно упати жалба до турскиот суд, барајќи ослободување од куќниот притвор и укинување на забраната за патување. Тој е обвинет дека го поддржувал обидот за државен удар во Турција насочен против претседателот Реџеп Тајип Ердоган пред две години. Брансон демантира каква било вмешаност.

Поради тоа односите помеѓу САД и Турција се на најниско ниво, но и поради различните интереси во Сирија, каде САД ги поддржуваат Курдите.