Трамп: Еднаква правда мора да значи еднаков третман од полицијата за сите

117

Претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на конференцијата за економското закрепнување на Америка, зборуваше и за протестите по убиството на Џорџ Флојд, кој беше погребан вчера.

– Се надевам дека Џорџ нè гледа од горе и вели, ова што се случува во нашата земја е прекрасно. Ова е прекрасен ден за него, прекрасен ден за сите. Ова е прекрасен ден за сите нас кога станува збор за еднаквоста – рекол Трамп.

Запрашан од новинарите што точно мисли кога вели дека ова е прекрасен ден за Флојд, Трамп само повторил „ова е прекрасен ден“.

Протестите започнаа минатата недела откако Афроамериканецот Џорџ Флојд почина по неговото апсење.

– Еднаква правда по закон мора да значи дека секој Американец добива еднаков третман во секоја средба со полицијата, без оглед на расата, бојата на кожата, полот или верувањето, полицијата мора да постапува со нив фер. Сите видовме што се случи минатата недела, не можеме да дозволиме да се случува тоа – рекол Трамп.