Трамп до Техеран: Никогаш повеќе да не им се заканувате на САД

571

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди иранскиот претседател Хасан Роухани повеќе да не им се заканува на САД, откако претходно иранскиот челник го предупреди американскиот претседател да не спроведува непријателска политика кон Техеран.

– Никогаш повеќе немојте да им се заканувате на САД или ќе сносите последици какви што ретко во историјата сте сноселе – напиша остро Трамп вчера на својот Твитер профил.

Роухани во недела рече дека „војната со Иран е мајка на сите војни“, но не ја отфрли можноста за мир меѓу двете држави.

– Ние повеќе не сме држава која ќе ги прифаќа вашите дементни зборови на насилство и смрт – додаде Трамп и им порача „да бидат внимателни“.

Ескалацијата на реториката меѓу Вашингтон и Техеран настапи откако САД започна офанзива со говори и онлајн комуникација кои имаа за цел да поттикнат немири во Иран и да ја принудат оваа држава да ја запре својата нуклеарна програма и поддршката на милитантните групи.