Трамп: Добредојде во трката „поспан“ Џо

292

Американскиот претседател Доналд Трамп ги поздрави плановите на поранешниот потпретседател, Џо Бајден, да се вклучи во претседателската трка во 2020 година. Трамп изрази надеж дека Бајден ќе биде интелигентен во водењето на кампањата.

-Добредојде во трката заспан Џо. Само се надевам дека ќе бидеш интелигентен, во што постои сомневање, во водењето на успешна примарна кампања- напиша претседателот на Твитер и додаде дека е подготвен да се натпреварува со Бајден.

Претходно во текот на денот, Бајден официјално ја објави неговата кандидатура за претседателските избори во 2020 година. Од него се очекувада го одржи својот прв митинг во Питсбург, во Пенсилванија, каде ќе се сретне со активистите на Трговскиот синдикат, по што ќе продолжи во обиколка на државата, каде ќе одржи предизборни митинзи во почетокот на следната година.

Бајден е 20-от политичар кој ги објави своите планови за кандидатура за претседател, како кандидат од Демократската партија на изборите во 2020 година. Претходно, на претседателската трка ѝ се придружија сенаторот на Вермонт, Берни Сандерс, кој се натпреваруваше против Хилари Клинтон во 2016 година, ексградоначалникот на Сан Антониот во државата Тексас, Џулијан Кастро и други.

Според резултатите оа националаната анкета, на примерок од 5.000 Американци, која ја спроведе компанијата „Морнинг Консалт Срви“, меѓу 15 и 21 април, Бајден ужива поддршка од 30 отсто од испитаниците, додека Сандерс го поддржуваат 24 проценти.