Трамп го стави првото вето

333

Американскиот претседател Доналд Трамп го стави првото вето по неговото стапување на функцијата во Белата куќа.

Трамп ја отфрли одлуката на Конгресот со цел да обезбеди средства за изградба на ѕид долж границата со Мексико.

– Имам обврска да ставам вето на таа одлука- истакна американскиот претседател од Овалниот кабинет.

Сенаторите вчера, меѓу кои и републиканци, гласаа за прекин на вонредната состојба на границата со Мексико, воведена претходно од претседателот на САД.