Трамп го номинираше генерал Марк Мили за претседател на Советот на генералштабовите на армијата на САД

186

Американскиот претседател Доналд Трамп го номинира генерал Марк Мили за претседател на Советот на генералштабовите на вооружените сили на САД.

Генерал Мили во моментов е шеф на генералштабот на копнените сили. Ако неговата кандидатура биде одобрена од Сенатот, тој ќе го замени генерал Џозеф Данфорд, кој ќе се пензионира во октомври 2019 година.

Генералот Данфорд е поранешен командант на Маринскиот корпус и командант на Коалициските сили во Авганистан. Генерал Мили командуваше со војски во Ирак и во Авганистан, и е началник на Генералштабот на копнените сили од август 2015 година.