Трамп го напушта Вашингтон на денот на инаугурацијата

171

Американскиот претседател Доналд Трамп планира да го напушти Вашингтон утрото на денот на инаугурацијата на својот наследник Џо Бајден, на 20 јануари, пренесе Ројтерс.

Трамп, кој веќе соопшти дека нема да присуствува на инаугурацијата, планира да одржи проштален настан во базата Ендрјуз во близина на Вашингтон, во која е стациониран претседателскиот авион Ер форс уан.

Според извори на Ројтерс, тој потоа ќе отпатува во Палм Бич на Флорида, во својот клуб Мар-а-Лаго.