Трамп ги осуди нападите во Франција: Ниту една земја веќе не може да ги толерира

203

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази солидарност со Франција по нападите во Ница и предупреди на неприфатливи терористички напади.

– Ние сме со Французите со целото срце. Америка е со нашиот најстар сојузник во борбата. Овие терористички напади од страна на радикалните исламисти мора да престанат веднаш. Ниту една земја, било да е тоа Франција или која било друга, не може да ги толерира повеќе – додаде Трамп.

Три лица беа убиени утрото со нож во напад во црква во Ница, на југоистокот на Франција.

Напаѓачот е 21-годишен Тунижанец, кој неодамна пристигнал од Лампедуза, според извори блиски до случајот и за време на нападот извикувал „Алаху акбар“.