Трамп ги остварува своите замисли со вешти маневри

155

Американскиот претседател Доналд трамп го потпиша законот за избегнување нова делумна блокада на државната администрација.

Со Законот се обезбедени 333 милијарди долари за финансирање на неколку владини структури до септември. Во документот е наедено дека ќе се финансира и дел од ѕидот на границата кон Мексико.

Станува збор за финансирање на дополнителни 88 км од ѕидот што е многу помалку од 321 км колку што бара Трамп.

За да си го обезбеди бараното финансирање претходно Трамп потпиша документ за објавување вонредна состојба.