Трамп во Орландо ја почна кампањата за изборите во 2020 година

42

Американскиот претседател Доналд Трамп официјално ја почна кампањата за негов реизбор во 2020 година. Тој на собирот во Орландо, Флорида рече дека ривалската Демократска партија сака да ја „уништи земјата“ и ги нападна медиумите за лажни вести.

Трамп се очекува да ја добие номинацијата за претседателски кандидат на Републиканската партија. Сè уште не е познат кандидатот на Демократската партија.

Досега има пријавено 20 претенденти, а на анкетите води поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден.