Трамп воведува санкции за оние што ќе се мешаат во изборите во САД

45

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ за одговорности за мешање во изборите во САД, изјави денеска советникот на Трамп за национална безбеднот, Џон Болтон.

– Претседателот Трамп го потпиша указот. Наскоро ќе биде објавен – изјави Болтон.

Документот предвидува воведување санкции за странски лица и организации кои специјалните служби ќе ги осомничат за мешање во избори преку кибер-напади или на кој било друг начин.

Во указот не се споменуваат конкретни држави бидејќи според Болтон, „заканите за изборите доаѓаат од неколку извори“. Тој потсети дека администрацијата неколку пати соопштила за знаци за мешање на Русија, но и Кина и Северна Кореја во изборите.