Трамп: Борис Џонсон ќе биде одличен премиер, шест години чекав да стане лидер

151

Навистина верувам дека Борис Џонсон ќе биде одличен премиер, рече американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција на самитот на Г7 во Франција и додаде дека со Џонсон поминале одлични два и пол дена.

Трамп додаде дека шест години чекал тој да стане лидер на неговата земја.

-Чекав речиси шест години тој да стане премиер. Го прашав: „Зошто ти требаше толку долго време?, рече Трамп.