Трамп би можел да го помилува покојниот Мухамед Али

177

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави  дека би можел да го помилува покојниот боксер од тешка категорија, Мухамед Али.

Трамп рече дека размислува за илјадници луѓе кои би можел да ги помилува.

Тој веќе постхумно го помилува првиот црн боксерски шампион во тешка категорија Џек Џонсон, осуден за кршење на законот врз основа на кој беше незаконски да се превезуваат жени од државата во држава заради „неморални” цели.

Мухамед Али одби да служи војска за време на Виетнамската војна, по што беше осуден и му беше одземена круната во тешка категорија.

Правната битка на Али заврши во 1971 година, кога Врховниот суд пресуди во негова корист.