Трамп бил евакуиран во подземен бункер под Белата куќа?

374

Агенти од Тајната служба го спровеле американскиот претседател Доналд Трамп во бункер во време кога Белата куќа ја опколија демонстранти, објави Си-ен-ен.

Трамп во петокот вечерта поминал еден час во бункерот, рекол неименуван извор кој сакал да остане анинимен.

Посебниот бункер под Белата куќа е направен за да се засолнат претседателот и високи функционери во случај на терористички напад или сличен вонреден инцидент.

Белата куќа не ги коментирала овие наводи.

– Белата куќа не ги коментира протоколите и одлуките – рекол портпаролот на Белата куќа.

Тајната служба исто така соопштила дека не ги објавува методите на своите безбедносни операции.

Не е јасно дали во бункерот биле и сопругата на Трамп, Меланија и нивниот 14-годишен син Барон, наведува АП и додава дека , според протоколот, сите кои се под заштита на тајната служба треба да бидат во бункерот.

Низ целата територија на САД има протести поради убиството на Џорџ Флојд од страна на полицаец.

Протестите почнаа мирно, но се претворија во нереди поради што американската власт воведе полициски час во повеќе држави, а активирана е и Националната гарда.