Торнадо во Канзас, прогласена вонредна состојба

212

Во американската сојузна држава Канзас е прогласена вонредна состојба поради торнадото што го погоди градот Јурека, при што се повредени осум лица.

Торнадото оштети едно средно училиште, неколку куќи и канцеларии, а околу 2.400 луѓе се погодени од невремето. За загрозеното население обезбедени се прифатилишта во црквите во градот.

Јурека се наоѓа на околу 100 километери источно од Вичите, кој е „директно погоден“ од торнадото.