Товарот на движењето „И јас исто така“ паѓа врз плеќите на дванаесетмината

72

Седуммина мажи и пет жени денеска ќе излезат од судницата 99 во њујоршкиот Врховен суд и ќе одлучуваат за судбината на филмскиот могул Харви Вајнстин, што ќе има последици и врз движењето „И јас исто така“ (#metoo), пренесува „Гардијан“.

Поротата од 12 луѓе ќе одлучува дали Вајнстин е виновен за сексуален напад и силување. Нивната одлука ќе има монументални последици. Доколку одлучат дека обвинетиот Вајнстин е виновен, тој се соочува со доживотна затворска казна. 

Доколку биде одлучено тој да биде ослободен, неуспехот да се обезбеди пресуда за човек кој беше обвинет за сексуални злоставувања од повеќе од 100 жени би предизвикал шок и разочарување за движењето „И јас исто така“, кое во најголем дел беше покренато поради обвинувањата кон Вајнстин во 2017 година. 

Судијата што го води случајот, Џејмс Бурк, внимателно ќе ја води поротата низ петте обвиненија со кои се соочува Вајнстин. 

Прво, тие ќе ги разгледаат доказите на две жени што го обвинуваат. Првата жена која „Гардијан“ не ја именуваше, го обвинува Вајнстин за силување во хотел во Њујорк, што му носи максимална казна од 25 години затвор. Тој во ова обвинение се соочува со една точка за сексуален напад од прв степен и една точка за силување од трет степен. 

Втората жена, Миријам Хелеј го обвинува Вајнстин дека ја присилил на орален секс во негов апартман во 2006 година. За ова обвинение, тој може исто така да добие казна од 25 години. 

Доколку поротата одлучи дека тој е виновен за едно или пак, за двете обвиненија, ќе премине на разгледување на двете последни точки: предаторски сексуален напад. 

Обвинителите ги повикаа поротниците да ги разгледаат доказите презентирани од една од шесте жени кои сведочеа, актерката од серијата „Сопранови“, Анабела Скиора. Таа откри застрашувачко сведоштво во кое опиша дека Вајнстин наводно брутално ја силувал во нејзиниот стан во 1993 година.

Иако случајот не може да се води самостојно и е надвор од статутот на ограничувања, сепак, за поротата ќе значи дека Вајнстин бил сериски сексуален злосторник и е виновен за најсериозното обвинение против него, предаторски сексуален напад, со можна максимална казна од доживотен затвор.