Тинејџерка силувана и запалена со бензин во Индија

573

Индиска тинејџерка се бори за живот откако била силувана, полеана со безнин и запалена, соопшти локалната полиција, додавајќи дека ова е втор ваков случај во последните неколку дена.

– Девојчето има изгореници од прв степен на 70 проценти од телото- изјави полициски началник од округот Пакур во државата Џарханд.

Инцидентот се случил во петокот, кога во истата држава бил извршен сличен напад кој ја згрози јавноста.