Тешко дека милијардерите од Давос ќе ја решат кризата што ја создадоа

290

Водечките светски политичари и бизнис-елитата неделава беа на Светскиот економски форум во Давос, каде што разговараа за климатската криза. Грета Тунберг и принцот Чарлс одржаа злокобни говори предупредувајќи за опасностите од загревањето на светот, а водечките луѓе на најголемите компании и претседателите ветија дека ќе преземат акција, пишува климатскиот активист Пајал Парек, во неговата колумна за „Гардијан“.

За нас кои учествуваме во движењето за климатски промени, одвлекувањето на вниманието не е изненеадување. Минатата година смени се. Од брановите на ученици кои учествуваа на климатските протести до масовните ненасилни движења, 2019-та се покажа како година во која стана јасно дека луѓето на власт веќе нема да можат да се кријат од потребата за дејствување. А потоа се случија пожарите во Австралија, кои ниту едно количество на пари не може да ги изгасне.

Со ненадејното насочување на вниманието на климата, не е ни чудно што учесниците на Форумот беа предмет на критики поради нивниот избор на транспорт. Принцот Чарлс пристигна со приватен авион, пред да побара „зелени“ даноци. А тој не беше ниту единствениот. Според податоците од лани се проценува дека преку 300 приватни авиони слетаа само за разговорите во Давос, засенувајќи ја определбата за заштита на животната средина на Светскиот економски форум. И покрај тоа што користењето на приватните авиони е длабоко лицемерно и штетно за климата, тоа не треба да биде во центарот на вниманието.

Наместо тоа, треба да бидееме реални за идните планови на големите корпорации, за иднина без јагледородни емисии, знаејќи го податокот дека 100 компании претставуваат извор на повеќе од 70 отсто од светските емисии на стакленички гасови, од 1988 година. Многумина од нив, вкучувајќи ги најголемите емитери на штетни гасови се наведени како „партнери“ на интернет-страницата на Светскиот економски форум. Тука не се само големите нафтени компании, туку и финансиските институции што учествуваат на Форумот, а се одговорни за вложување на најмалку 1,4 милијарди долари во инвестиции поврзани со фосилнте горива, по потпишувањето на Парискиот климатски договор.

А тука се и владите. Говорот на принцот Чарлс беше моќен предизвик за оние на власт, поставувајќи го прашањето „сакаме ли да бидеме запаметени низ историјата како луѓето што не сторија ништо за извлекување на светот од работ на пропаста?“. Но, британската влада неделава откри дека поддржува мегапроекти со фосилни горива низ светот, чии комбинирани емисии се еднавки на оние на држава со големината на Португалија.

Таквиот неуспех не е нуспроизвод на економскиот систем за кој се залага Светскиот економски производ, туку е составен дел на неговиот модел. Идеолошката обрска кон слободните пазари за која се залагаат оние во Давос, секоја година од 50-годишната историја на Форумот, преставува постојан блок за напредок во климатската криза.

Додека Австралија гори, а разните заедници ширум светот се под закана од последиците на климатската криза, состаноците во стилот на Давос никогаш нема да ни ги дадат одговорите што ги бараме. Всушност, наивно е да се верува дека приватниот клуб, чии илјада компании-членки платија помеѓу 60 и 600 илјади швајцарски франци за членство, ќе го реши проблемот што самиот го создал.

Криза од вакви размери бара решенија – без разлика дали тоа е новиот зелен договор, намалување на инвестициите во фосилни горива, цели за декарбонизација на богатите држави… Ако богатите и славните во Давос навистина сакаат да се справат со климатската криза, тие треба да решат оти ова е последно издание на Светскиот економски форум.