Тензиите со Иран го нарушуваат кредибилитетот на Трамп

219

Главните сојузници на САД ја притиснаа администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да дадат поконкретни докази со кои ќе може точно да се поврзе Иран со нападите на двата нафтени танкери во Оманскиот Залив, изјави државниот секретар на земјата Мајк Помпео, потврдувајќи дека побараните докази ќе бидат објавени, пренесе „Вашингтон пост“.

Јапонија и Германија побараа посилни докази од објавениот видео-клип со многу лош квалитет од страна на Пентагон, на кое наводно може да се забележи ирански патролен брод како од еден од танкерите отстранува неексплодирана мина.

Помпео за медиумите изјави дека го минал поголемиот дел од викендот контактирајќи ги неговите колеги во странските главни градови, со што иплицираше дека ќе има многу работа за да го убеди светот дека обвиненијата на САД кон Иран, кој целосно ги отфрли минатата недела, како што рече Помпео се неоспорливи и непогрешливи.

Минатонеделните напади на такерите создадоа проблем за кредибилитетот на администрацијата на Трамп, која се соочува со скептицизам особоен од најблиските сојузници на САД, кои повикаа на максимална воздржаност за да се избегне конфронтација меѓу Иран и Соеднинетите Држави.

Дел од скептицизмот за американските тврдења е вкоренет во сомневањата во претседателот Трамп, кој во минатото често пати даваше изјави во кои имаше погрешни тврдења. Дел е фокусиран на националниот советник за безбедност Џон Болтон, кој силно се залагаше за инвазијата на Ирак во 2003 година заснована на погрешното тврдење дека Садам Хусеин има оружје за масовно уништување.

Крајно, дел од скептицизмот е насочен и кон Помпео. Во неговите изјави за однесувањето на Иран во последните неколку недели, тој рече дека Техеран е одговорен за автомобилот-бомба кој експлодираше во Кабул кога поминуваше американски воен конвој. Иако талибанците преземаа одговорност за нападот, американскиот државен секретар рече дека на талибанците не треба да им се верува.

Саудиската и британската влада постигнаа согласност дека видео-клипот кој има многу низок квалитет ја посочува одговорноста кон Иран, додека германскиот министер за надворешни работи Хаико Мас и јапонската влада се согласија дека видеото е недоволно за да се направи конечна проценка за вината.

Тензиите меѓу САД и Иран се на највисоко ниво, уште од почетокот на месец мај оваа година, кога администрацијата на претседателот ги засили санкциите за извоз на нафта на земјата на Блискиот Исток, во обид да се намали приходот од испорачка на „црното злато“.