Тајфунот Џеби усмрти шест лица во Јапонија

237

Тајфунот Џеби што денеска го погоди западниот дел на Јапонија усмрти најмалку шест луѓе, а околу 170 се повредени.

– Тајфунот Џеби го погоди јужниот дел на префектурата Токушима, на островот Шикоку – соопшти јапонската метеоролошка агенција.

Јапонските авиокомпании поради тајфунот откажаа се околу 800 полети, а исто така е ограничено движењето на брзите возови. Без електрична енергија останаа околу 2,3 милиони домаќинства во централна и западна Јапонија.

Категоризиран како „многу силен“, Џеби е најсилниот тајфун кој ја погодил Јапонија од 1993 година. Тајфунот патува со брзина од 75 километри на час, а ветровите во неговиот центар дуваат со брзина од околу 126 километри на час.

Мала е веројатноста дека тајфунот ќе се доближи до Токио.