Таткото на поранешна НБА-ѕвезда убиен во престрелка

152
Ричард Џеферсон

Таткото на познатиот НБА кошаркар, Ричард Џеферсон, е убиен во престрелка во Лос Анџелес.

Инцидентот се случил додека тој стоел пред една продавница, а непознато лице почнало да пука од автомобил во движење.

Ричард Џеферсон Постариот бил застрелан неколку пати, а за кусо време бил префрлен во болница каде им подлегнал на повредите.

Полицијата соопшти дека истрагата е во тек и оти не е познато дали 65-годишникот бил цел на нападот.