Сè уште нема план за средба меѓу Путин и Зеленски

22

Можноста за одржување личен состанок меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Владимир Зеленски засега не се дискутира, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, а пренесе „ТАС“.

– Не, сè уште не разговараме за тоа. Засега е важно да почекаме до завршувањето на украинските избори. Потоа ќе можеме да ги решиме сериозните проблеми без врева околу изборната кампања – одговори Песков на прашањето дали е можна лична средба на двајцата лидери во блиска иднина.