Обновено: Воениот авион „Херкулес“ се урнал, во тек е потрагата

196

Военото воздухопловство на Чиле соопшти денеска дека воениот авион, кој претходно синоќа исчезна од радарот, се урнал.

Воздухопловството се огласи со соопштение.

Авонот во кој се наоѓаа 38 лица се упатил кон база на Антарктикот, а контактот бил загубен еден час по полетувањето. Властите неколку часа подоцна соопштија дека не се оптимисти.

Војската претходно информираше дека е покрената акција за потрага и спасување.

Станува збор за авион од типот „Ц-130 Херкулес“, во кој имало 17 членови на екипажот и 12 патници, меѓу кои тројца цивили.

Авионот полета во понеделникот во 16.55 часот по локално време, а контактот бил загубен околу 18 часот.