Судар на два воза во Австрија, 40 патниците полесно повредени

587

Најмалку 40 луѓе се полесно повредени во судар на два патнички воза во австрискиот град Салзбург, соопшти локалната полиција.

Возовите се судриле при спојување на главната железничка станица, односно едниот воз пресилно удрил во другиот кој доаѓал од Цирих, информира претставник на полицијата.

Инцидентот се случил во раните утрински часови.