Студентски протести испразнија затвор во Индонезија

44

Најмалку 258 затвореници избегаа од затворот во провинцијата Западна Папуа во Индонезија за време на протест против третманот на папуанските студенти на главниот остров Јава, соопшти управникот на установата Абе Кусуманто.

Демонстрантите запалија неколку владини згради како одговор на нападот врз папуанските студенти на Источна Јава кои во петокот протестираа за самоопределување за својата татковина.

Затворениците во државниот затвор во градот Соронг, во кои се наоѓале 547 затвореници, почнаа немири и запалија делови од зградата откако биле испровоцирани од демонстрантите, изјави Кусуманто. Тој појасни дека тие го урнале ѕидот и побегнале.