Стотина луѓе загинаа откако циклон ги погоди Мозамбик и Малави

33

Циклонот „Идаи“, кој ги погоди Мозамбик и Малави предизвика смрт на стотина луѓе, а половина милион жители на Мозамбик останаа без електрична енергија, соопшти Националниот институт за спречување на катастрофи.

Циклонот пропратен со обилни дождови и ветрови со брзина до 170 километри на час се движи кон Запад, кон Малави и Зимбабве.

Од циклонот најпогоден е Бејра, четвртиот град по големина во Мозамбик, каде се уништени неколку илјади куќи.

Мозамбик и во минатото беше погоден од циклони, а во 2000 година во невремето загинаа 350 луѓе, а 650.000 беа раселени.