Стотемина тврдокорни одолеваат на бегството кон непријателот

425
Демонстрантите чекаат лекарска помош во Политехничкиот универзитет

На стотемината преостанати демонстранти забарикадирани во Политехничкиот универзитет во Хонгконг им се нуди само еден излез од кампусот под полициска опсада – бегство низ солзавец и гумени куршуми што води кон неизбежно апсење, пренесуваат светските медиуми.

– Дел од демонстрантите се симнуваа од универзитетската зграда преку јажиња кон нивните пријатели на моторцикли, кои успеаја да се пробијат низ полицискиот кордон. Стотици им се спротиставија на предупредувањата за оставање на импровизираните оружја, одбивајќи да се предадат. Група родители, со солзи во очите, беа задржани од полицајците кои не ги пуштаа да влезат во универзитетот. Ова е глетката на Политехничкиот универзитет која претставува спој на војна и хаос, во срцето на територијата опфатена во безмалку шестмесечните протести за демократија – пишува Њујорк тајмс.

Премиерката на Хонгконг Кери Лам соопшти дека околу 600 демонстранти им се предале на властите во изминатата ноќ, откако полицијата им дозволи на двајца претставници на незадоволните граѓани да посредуваат помеѓу двете спротиставени страни. Активистите беа евакуирани за да добијат медицинска помош.

– Решивме да излеземе поради гладта и студот, а многумина од нас беа повредени, без да имаме медицински средства внатре – кажа еден од демонстрантите кои излегоа од универзитетот.

Истовремено десетици илјади луѓе излегоа на улиците во изминатите три дена за време на опсадата, судирајќи се со полицијата во обид да стигнат до забарикадираните. Полицијата соопшти дека уапсила околу 1.100 луѓе во изминатите два дена.

Дел од демонстрантите се симнуваа од универзитетската зграда преку јажиња