Столтенберг: НАТО се обидува да избегне инцидент помеѓу Грција и Турција

162

НАТО бара начини за да се избегнат ненамерни конфликти во Источниот Медитеран, додека ги поддржува германските дипломатски напори за смирување на конфликтот меѓу членките на НАТО – Грција и Турција за подморските енергетски ресурси, изјави лидерот на Северноатлантската алијанса.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави за „Ројтерс“ дека западниот сојуз размислува за мерки за избегнување на конфликтот за да спречи случајни инциденти во областа каде што се наоѓаат голем број воени бродови, иако тој не кажа детали.

– Ја истражувам можноста за развој на механизми на НАТО за спречување инциденти и несреќи, серија механизми за деконфликт – рече Столтенберг во интервјуто по состанокот со министрите за одбрана на ЕУ.

– Фактот дека има многу бродови таму, многу воена моќ во прилично ограничено подрачје, веќе е причина за загриженост – рече Столтенберг.