Стејт департмент: Кина, Иран, Русија и Северна Кореја се „сили на нестабилност“

629

Администрацијата на претседателот на САД смета дека Кина, Иран, Русија и Северна Кореја се „сили на нестабилност” поради кршење на човековите права на граѓаните во овие и други земји.

Во годишниот извештај за човековите права во светот, Стејт департментот издвои четири земји поради сериозни повреди на човековите права, вклучувајќи ги ограничувањата на слободата на изразување и здружување, како и дозволување или вршење насилство врз верски, етнички и други малцински групи.

Претставувајќи го извештајот, в.д. секретар на САД Џон Саливен рече дека „владите на Кина, Русија, Иран и Северна Кореја“, на пример, секојдневно ги кршат човековите права на граѓаните и дека поради тоа се „сили на нестабилност”.

Извештајот ја анализира состојбата на човековите права во секоја земја во светот во 2017 година. Ова е прв извештај, кој беше целосно составен од страна на администрацијата на Трамп.

Стејт департментот во извештајот е критичен кон Саудиска Арабија и Турција.

Организациите за заштита на човековите права, вклучително и Амнести интернешенел, го критикуваа извештајот на Стејт департментот, наведувајќи дека внатрешната политика на Трамп и блиските односи со земјите обвинети за злоупотреба на правата, му нанеле голема штета на кредибилитетот на САД, како лидер во заштитата на човековите права.