Стејт департментот формираше група за координирање на политиката кон Иран

20

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео синоќа формираше група за координирање на американската политика кон Иран.

Помпео најавувајќи го создавањето на групата го обвини Теехран за „бран на насилство и дестабилизирачко поведени насочено кон нас, нашите партнери и самиот ирански народ“.

Тој додаде дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп е подготвена за преговори со Иран, но за тоа да се случи „треба да видиме големи промени во поведението на режимот како внатре, така и надвор од границите“.

За директор на групата именуван е Брајан Хук, експерт за надворешна политика, кој од ноември минатата година раководеше со преговорите со сојузниците во Европа и во Азија за интензивирање на притисокот врз Техеран.

– Вашингтон ќе работи со други земји, за да не бидат воведени втори санкции поради Иран, САД ќе им помогнат на сите земји целосно да ги почитуваат санкциите – посочи Хук.