Спречен атентат врз поранешниот француски претседател Франсоа Оланд

131

Припадник на терористичка ќелија планирал да ја нападне претседателската палата во Париз, полицијата и поранешниот претседател Франсоа Оланд.

Како што јави телевизијата БФМТВ, повикувајќи се на судски извори, еден малолетник бил уапсен во Стразбур во април, заедно со уште три лица. Истражните органи пронашле фотографија на која тој позира до поранешниот шеф на државата. Четворицата малолетни лица беа обвинети во почетокот на мај за криминално терористичко здружување. Подоцна е уапсен уште еден малолетник кој бил дел од групата.