Списокот на обвинети за убиството на Кашоги проширен со шест лица

97

Турскиот суд додаде уште шест обвинети на списокот со 20 саудиски службеници на кои веќе им се суди во отсуство за убиството на новинарот Џамал Кашоги, јавија државните медиуми.

На денешното рочиште во Истанбул, само второ во судењето кое започна пред четири месеци, судот го прифати второто обвинение, додавајќи имиња на уште шест саудиски функционери, пренесува „Ројтерс“.

Најновото обвинение се однесува на заменик конзулот и аташето за убиство со предумисла со монструозна намера. Уште четворица, исто така, саудиски државјани, се обвинети за уништување, прикривање или неовластено подметнување на докази.

Во септември, саудискиот суд затвори осум лица на седум до 20 години затвор за убиство, на судење за кое критичарите обвинија дека не било транспарентно. Ниту еден од обвинетите не беше именуван.

Кашоги, критичар на саудискиот престолонаследник принцот Мoхамед бин Салман, последен пат бил виден како влегува во саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври 2018 година. Турските власти веруваат дека неговото тело било распарчено и фрлено, но неговите посмртни останки се уште не се пронајдени.