СЗО: Меѓународната соработка е клучна во борбата против коронавирусот

77

Светслата здравствена организација (СЗО) и Светската туристичка организација во заедничка изјава повикаа на сите светски региони на одговорност и кооринација поради понатамошното ширење на коронавирусот, порачувајќи дека во туристичкиот сектор, како и во останатите, соработката е клучна.

Од Светската туристичка организација велат дека на 30 јануари оваа година, СЗО го прогласи коронавирусот за загрижувачки за јавното здравје и издаде привремени препораки, но без ограничувања за патување или трговија на темел на тогаш достапните информации.

– СЗО соработува со глобалните експерти, влади и партнери на брзо проширување на научни сознанија за новиот вирус, следење на ширењето и вируленција на вирусот, како и пружање совети на земјите и глобалната заедница за мерки за заштита на здравјето и спречување на ширењето на вирусот – се наведува во заедничката изјава на двете организации.

Меѓународната соработка се смета за клучна, особено во туристичкиот сектор, бидејќи, како што велат, туризмот е посветен на поставување на луѓето и на нивното добро, на прво место.