Спасен пилот откако авионот му се срушил на далновод [Видео]

709

Француските екипи за итни случаи спасија пилот на белгиски Ф-16, кој утрово откако се катапултирал, паднал на далновод. Воениот авион се сруши во Бретања, Франција.

Ловецот ја напуштил воздушната база „Флоренс“ во Белгија и се упатил кон француската приморска воздухопловна база „Лорин-Лан Биху“.

Двајцата пилоти на авионот се безбедни, потврдија француските власти.
Авионот се урнал на 160 метри од куќа, која е евакуирана, затоа што од падот на леталото уништен е нејзиниот покрив. Според очевидец на местото на настанот, биле откорнати и неколку дрвја. Авионот не бил опремен со оружје.

Електричари им помогнале на екипите за итни случаи во спасувањето на еден од пилотите, кој со падобранот се закачил на далновод под напон од 250.000 волти. Спасувањето траело два часа, јавија француските медиуми.