Со жестока акција истиснати силите на командант Хафтар од градот Триполи

163

Силите лојални на меѓународно признаената либиска влада, со борба од куќа до куќа, денеска ги потиснаа силите на командантот на Либиската национална армија, Калифа Хафтар, кон јужните делови на главниот град Триполи.

Некои од владините војници носеле против-aвионски топови, кои морле да се симнат од камионите, за да може возилата да поминат низ тесните улици, објави „Ројтерс“.

Силите на одметнатиот командат Хафтар, кои се составени од војници што биле лојални на Гадафи, пред три недели започнаа офанзива на Триполи кој е град седиште на признаената влада, но и покрај жестоките борби, тие не успеаја да ги пробијат дефанзивните позиции поставени долж јужната линија на градот.

Битката за главниот град на Либија речиси целосно ги уништи напорите на ОН за зајакнување на мирот меѓу двете завојувани страни кои се борат за превласт во земјата.