Сонот на комичарот станува јаве?

246

Украинскиот комичар Владимир Зеленски е пред убедлива победа во вториот круг на претседателски избори во земјата, покажуваат излезните анкети по гласањето во Украина, а пренесува Би-би-си.

Анкетите од гласачките места укажуваат дека тој има убедлива поддршка од дури 70 отсто од гласачите, многу повеќе од неговиот противкандидат, Петро Порошенко.

Досегашниот претседател Порошенко, наводно, признал дека ги загубил изборите, но потврдил дека нема да се повлече од политиката.

Украинскиот претседател има значајна улога во однос на безбедноста, одбраната и на надворешната политика на земјата.

– Никогаш нема да ве разочарам. Иако формално уште не сум претседател, како граѓанин на Украина можам да им кажам на сите поранешни земји Советскиот Сојуз, „видете не нас, сè е возможно“ – рече Зеленски.

Доколку првичните информации се точни, Зеленски ќе ја води државата во следните пет години, колку што трае претседателскиот мандат.