Советот на ЕУ: Климатските промени се егзистенцијална закана за човештвото

59

Министрите за надворешни работи на ЕУ на состанокот во Брисел ги повикаа земјите партнери да ги засилат своите активности и најавија употреба на сите европски инструменти за надворешна политика за борба против климатските промени.

– Климатските промени се егзистенцијална закана за човештвото и биодиверзитетот во сите земји и региони и бара итен заеднички одговор – заклучи Советот на ЕУ.

Министрите за надворешни работи на ЕУ на состанокот во Брисел ја истакнаа важноста на климатското дејствување и потврдија дека прашањето ќе биде еден од приоритетите на надворешната политика на ЕУ во 2020 година.

Беше истакнато дека водечката улога на ЕУ за заштитата на климата е круцијална, како пример за другите во остварувањето на глобалните амбиции во оваа област.

Советот на ЕУ го покани високиот претставник Борел, Европската комисија и земјите членки да идентификуваат конкретни и оперативни чекори во областа на т.н. климатска дипломатија до јуни 2020 година.