Советот на Европа не е доволно голем за Русија и за Украина

174

Украинската делегација во Европскиот совет го напушти собранието во знак на протест откако на руските пратеници им беше дозволено да се вратат во советот за човекови права, пет години по анексијата на Крим, пренесе „Гардијан“.

Собранието го поддржа враќањето на Русија со 118 гласови „за“ и 62 „против“, во една од првите одлуки за поништување на санкциите наметнати на Москва, откако руската војска влезе во Украина во 2014 година.

Русија, која го надгледува Европскиот суд за човекови права со седиште во Стразбур, се закани дека ќе го напушти Советот на Европа доколку не се обнови нејзиното право на глас во советот. Делегатите на Украина пак, велат дека дозволата Русија да се врати во советот ќе ги истакне слабостите во резолуцијата на Европа.

– Нашиот народ пролеа крв за да ги заштити вашите животи. Го сопревме агресорот на границата. Нашиот народ се бори за вредностите на Европа и ви даде можност да ја видите новата визија за Европа. Сето ова се лажни вредности, принципи и двојни стаандарди – изјави Олена Сотник, украинска претставничка во собранието, за време на синоќешната дебата.

Портпаролот на Владимир Путин, Димитриј Песков, наведе дека враќањето на Русија во советот за човекови права не е дипломатска победа на Москва, туку победа на здравиот разум.

Украинскиот претседател владимир Зеленски го искажа своето незадоволство во врска со оваа одлука и објави дека Украина ќе го отповика својот амбасадор од Европскиот совет на одреден период во знак на протест.

– Советот на Европа ја изгуби нашата доверба и ќе биде неверојатно тешко повторно да ја стекне. Со овој потег, Советот ја разниша својата позиција на водечка сила која ги штитеше човековите права – изјавил украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин.