Собрани повеќе од десет милиони потписи за отповикување на Трамп

77

Демократските застапници и либералните организации во четвртокот во Вашингтон предадоа петиции со вкупно десет милиони потписи со кои бараат Конгресот да покрене постапка за отповикување на републиканскиот претседател Доналд Трамп.

Пред Капитол, седиштето на Конгресот, каде што се поставени плочи на кои пишува „Трамп мора да замине”, двајцата застапници, Рашида Тлаиб и Ал Грин, заедно со претставници на здруженија, предадоа УСБ со собраните потписи.

– Имаме десет милиони причини зошто сме тука денес – рече Ал Грин.

Тлаиб, која е во долниот дом од јануари, веќе во март поднесе резолуција во која го повикува Одборот за правосудство да испита дали има причини за отповикување на претседателот.

– Во ова време кое е многу тешко за нашата земја, време е да се бориме – рече Рашида Тлаиб која со месеци бара оставка од Трамп.

Раководството на Демократската партија, за разлика од либералното крило, сепак, ги смирува страстите со напомена дека постапката за отповикување, која е непопуларна во анкетите, може длабоко да ја подели земјата која има 325 милиони жители, а се ближат избори во 2020 година.