Собори ли американската војска сопствен дрон во Ормутскиот Теснец?

718

Иран негираше дека американскиот воен брод „УСС Боксер“ соборил еден од нивните дронови во Ормутскот Теснец, во време на зголемени тензии меѓу двете земји, јавува „Гардијан“.

Инцидентот првенствено беше обелоденет од американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека бродот извршил одбранбени дејствија кога ирански дрон се доближил на скоро еден километар до воениот брод на САД.

Откако Трамп во сопствен стил на Твитер ги покори Иранците и напиша дека ова е една од последните провокации на Иран за бродовите кои пловат во меѓународни води, властите во Техеран ги негираа сите тврдења на контроверзниот претседател.

– Немаме изгубено дрон, ниту во Ормутскиот Теснец, ниту на било кое друго место. Стравувам дека „УСС Боксер“ по грешка соборил сопствен дрон – напиша заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Абаз Аракчи.

Минатиот месец, Иран сруши американски воен дрон во овој регион.