Снимките на НАСА ги покажуваат разорните размери на пожарите во Амазонија

341

Вознемирувачки сателитски снимки на НАСА од вселената укажуваат на огромниот размер на пожарите што ја зафатија Амазонија која се нарекува и „белите дробови на светот“. Фотографиите на НАСА покажуваат дека ситуацијата во неколку бразилски држави е застрашувачка. Повеќе од половина од пожарите се наоѓаат во огромниот басен на Амазон, каде живеат повеќе од 20 милиони луѓе.

Пожарите беснеат со рекордна стапка во бразилската дождовна шума во Амазон, а научниците предупредуваат дека може да се случи уништувачки удар во борбата против климатските промени.

Станува збор за најголем број на пожари кои избувнале од 2013 година, кога ситуацијата на терен почнала да на следи Националниот институт за истражување на вселената (познат по кратенката ИНПЕ).

Оваа година има 72.843 пожари во Бразил, повеќе од половина во регионот Амазон, соопшти ИНПЕ. Тоа е зголемување за повеќе од 80 отсто во однос на истиот период минатата година.