Снежно невреме во делови на САД, воздушниот сообраќај отежнат

85

Снежно невреме го зафати регионот на Њу Ингланд, во североисточниот дел на САД. Училиштата се затворени, а воздушниот сообраќај е отежнат.

Националната метеоролошка служба издала предупредување за зимска бура за подрачјето на Масачусетс, Њу Хемпшир и Мејн и предупредување за зимски временски прилики за југоисточниот дел на Масачусетс и Роуд Ајленд.

Во централен Масачусетс наврнале 60 сантиметри снег, а 40 сантиметри во Сомерс и Конектикат. На подрачјето на Бостон наврнале 10 сантиметри снег.

Во Њу Џерси 36.500 домаќинства останале без електрична енергија.

Снежното невреме денеска ги затвори училиштата од Западна Вирџинија до Њу Ингланд.